Џет-Сет
3. November 2016 - 10:44

Боно Вокс прогласен за „жена на годината“

Познатиот пејач Боно Вокс се најде на листата за избор на „жена на годината“ на списанието „Гламур“ и така стана прв маж во историјата кој ја доби оваа титула.

Боно се најде на листата поради неговиот активизам за еднаквост на половите, а како пример за неговата борба „Гламур“ ја наведе последната кампања „Сиромаштијата е сексистичка“, со која музичарот предупредува на проблемите со кои се соочуват женоте што живеат во сиромаштија.

- Јас сум сигурен дека не ја заслужувам оваа награда, но многу сум благодарен и сакам да кажам дека битката за еднаквост на половите не може да биде добиена ако покрај жените не застанат и мажите, рече Боно.

Екипата на Интернет не е многу среќна со овој избор, па на Твитер веќе почнаа исмевања на сметка на Боно: „Јас сум многу збунета. Што Боно сега е жена?“, „Кога барем во светот би имало вистински жени кои би можеле да се наградат“, „Затоа што богатиот белец многу му недостасуваат принанија“...

Освен Боно, титулата „жена на годината“ ја освоија и олимпијката Симон Бајлс, потоа Наѓа Мурад која преживеа мачење на ИД, основачите на компаниајта „Животитр на Црнците се важни“, како и актерка и активистка Зендаја.