Бомбите од Брисел одекнаа и на берзите
Експлозиите во Брисел ја ослабеа вредноста на еврото,додека вредноста на јапонскиот јен и швајцарскиот франк порасна. По нападите нагло се зголеми побарувачката на овие валути кои се сметаат за посигурни засолништа на капиталот.
Јенот скокна за речиси 1 % кон еврото, и го достигна највисокото ниво во последните 12 дена. Еврото ослабе и во однос на франкот и доларот.
Бомбашките напади во белгиската престолнина ги намалија и главните индекси на берзите во Европа. Особено остро паднаа цените на акциите на воздухопловните компании. Загуба од 4,8% забележаа акциите на Ер Франс, а паднаа и Луфтханза, Рајан ер, Американ Ерлјанс и други авиокомпании.
Сите летови од и до Брисел беа суспендирани.
Се намали вредноста и на други групации кои работат во туризмот меѓу кои ид двата најголеми тур оператпри во светот, ТУИ и Томас Кук кој загуби 5% од вредноста на берзата.
За првпат во четири трговски дена порасна цената на златото.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
