„Бомбашот од Бангкок’’ не е турски државјанин

Полицијата во Тајланд и амбасадата на Турција денеска соопштија дека лицето уапсено вчера, осомничено за подметнување на експлозив во храм во Бангкок има фалсификуван турски пасош, но сигурно не е државјанин на Турција.
Осомничениот подметнувач на експлозив во храмот Ераван, на 19 август, кога загинаа 20, а беа ранети над 100 лица, засега молчи и не соработува со истражителите.
Уапсениот е откриен во стан во предградие на Бангкок, а полицијата таму пронашла поголеми количества експлозив и повеќе фалсификувани пасоши.
Фактот дека осомничениот во Тајланд претстојувал со турски пасош уште повеќе ги зацврсти претпоставките дека подметнатата експлозија е направена како освета за депортирање на 109 припадници на муслиманското сепаратистичко племе Ујгур во Кина, каде што ќе им се суди за сепаратизам и тероризам.
Претходно на група од 390 бегалци од племето Ујгури Тајланд им дозволи да отпатуваат во Турција, а по острата реакција на Пекинг, воените власти одлучија да ги вратат во Кина.
Ново на Сител
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
-

Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир
-

Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника
-

МВР: Приведени две лица во Струга, едниот управувал возило со претходно изречена забрана, додека кај сопатникот пронајдена е дрога
