Свет
27. February 2016 - 14:16

Бомбашки напад врз Министерството за одбрана во Кабул, има жртви

Силна експлозија одекна утрово пред Министерството за одбрана во Кабул. Станува збор за напад, во кој има убиени и ранети, изјави началникот на полицијата во авганистанската престолнина Абдул Рахман Рахими, без да го прецизира бројот на жртвите.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Надиб Даниш, потврди дека има жртви и оти станува збор за напад, иако се уште не е јасно што ја причинило експлозијата.