Свет
23. February 2017 - 9:36

Бомбашки напад во Лахор - најмалку шест загинати и 15 ранети

Најмалку шест лица загинаа и 15 се ранети во експлозија во ресторан во пакистанскиот град Лахор.

- Станува збор за бомбашки напад, соопшти полицијата.

Во изминатите недели Пакистан е на удар од терористички напади во кои ширум државата загинаа најмалку 130 луѓе додека стотици се ранети.