„Бомба циклон“ му се заканува на североисточното крајбрежје на САД
Жителите на североисточното крајбрежје на САД се подготвуваат за силната бура, наречена „бомба циклон“ која може да предизвика поплави во регионот од државата Мејн до Северна Каролина.
Под закана на циклонот, во делови на Калифорнија наложена е евакуација на повеќе од 30 илјади лица, а надлежните одат од врата на врата и го предупредуваат локалното население на опасноста од бурата.
Локалните власти упатија апел и до жителите на крајбрежните места на истокот да бидат подготвени за евентуална евакуација со оглед на тоа дека бурата е проследена со силен ветар и обилни врнежи.
Метеоролозите предупредуваат дека комбинацијата од обилни врнежи и силен ветер би можела да предизвика поплави во крајбрежните делови на Бостон.
Локалните власти предупредуваат дека поради можноста брзината на ветрот да достигне до 120 километри на час можни се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
- Луѓето мора ова да го сфатат многу сериозно, изјави гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер, апелирајќи жителите да се подготват за евентуална евакуација.
Синоптичарите предупредува дека куќите, кои се наоѓаат на брегот на океанот може да бидат уништени од големи бранови, а оние што живеат во ниско поставени населби, може да бидат отсечени од светот со часови или дури денови
Ново на Сител
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци