Болт ја одби понудата на Валета од Малта

Легендарниот јамајски атлетичар Усеин Болт, кој почна да се занимава професионално со фудбал, ја одби понудата на фудбалскиот клуб Валета од Малта да потпише двегодишен договор.
Болт досега тренираше со повеќе екипи меѓу кои и Борусија од Дортмунд, а последните неколку седмици е дел од австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс, за кој настапи на неколку натпревари.
Минатата седмица тој ги постигна првите два официјални погодоци во кариерата, а потоа уследи и понудата од Валета, која јамајскиот спортист ја одби.
- Постои голем интерес за Болт и редовно ни испраќаат вакви понуди. Можам да потвдам дека тој нема да замине за Малта, истакна неговиот агент Рики Симс.
Првата австралиска лига почнува в петок, а Сентрал коуст маринерс првиот натпревар го играат в недела. Болт нема да настапи, а доколку потпише професионален договор ќе може да игра од јануари, кога клубовите повторно ќе можат да регистрираат играчи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
