Болницата во Кичево доби нов лифт
Во постоечкиот објект на кичевската болница почнаа градежни работи за подобрување на условите и стандардите за работа. Директорката на Болницата Биљана Настеска вели дека иако има најави дека ќе се работи на доизградба на објектот, не може да седиме и да не преземаме ништо.

-Затоа почнавме со работа, за да ги подобриме условите за работа во нашата болница во постоечките објекти, пристапивме кон нивно реновирање и зголемување на стандардите, како за вработените, така и за пациентите. Така во зградата каде што се наоѓа интерното одделение и болничкиот оддел, изградивме нов лифт со голема носивост, што ќе овозможи изнемоштените пациенти наместо по скали да се транспортираат со овој лифт, што во значителна мера ја олеснува работата како на вработените, така и на најблиските на пациентите, изјави директорката.
Таа додаде дека лифтот е изграден со сресдства од болницата, а пред извесно време целосно е саниран и кровот на најстариот болнички објект во Кичево.
Новата зграда што е предвидена да служи како медицински центар во Кичево, како и за пациентите од соседните општини Пласница и Македонски Брод, почната е да се гради пред 30 години, но не е довршена. Најавено е дека од пролет ќе почне да се работи на доизградбата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња