Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
Болница Плодност во објава на Фејсбук се прости и изрази сочуство до семејствата на своите колеги кои трагично ги загубија живототите во тешка сообраќајна несреќа утрово кај Прилеп.
„Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.
Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.
Менаџерскиот тим и целиот персонал на Болница Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги.
„Изразуваме длабоко сочувство до семејства на нашите колеги, за прераната загуба на нивните членови на семејствата. Секој од нив имаше свое посебно место во нашата болница и во нашите срца. Прим. д-р Александар Ристески беше врвен бренд во македонската радиологија, но и во светски рамки. Неговата десна рака и соработник, радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, беше неизоставен дел од Одделот за рентген дијагностика. Спец. гинеколог д-р Никола Василески долги години беше дел од гинеколошкиот тим на доктори во нашата болница. На достоен начин, Болница Плодност секогаш ќе ги памети нивните дела, но и нивните насмевки, топли зборови и секогаш отворени срца за пациентите и за колегите. Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, но најмногу во аналите на историјата на Болница Плодност“, рече прим. д-р Таше Трпчевски, менаџер и сопственик на Болница Плодност.
Со соодветен комеморативен настан, Болница Плодност ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги.“, стои во објавата.
Ново на Сител
-
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја
-
„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
-
Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Еурофарм Пелистер очекува уште една победа против ракометарите на Фредериција
-
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната
-
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија