Свет
7. December 2016 - 10:53

Боливија: Директорот на „Ламиа“ е уапсен поради падот на авионот

Боливиските власти го уапсија денеска директорот на авио-компанијата „Ламиа“, чиј авион минатата недела се урна во Колумбија.

Директорот Густаво Варгас и уште двајца службеници на авио-компанијата се одведени кај обвинителот во Санта Круз поради сослушување во рамките на истрагата за несреќата. 

При падот на авионот загинаа 71 лице, меѓу кои и голем број членови на бразилски фудбалски клуб, а несраќата се случила бидејќи авионот останал без гориво.