Македонија
11. July 2018 - 16:20

Болест на судијата го одложи ,,Монструм‘‘ - жестока реакција на роднините на убиените момчиња

„Не ги заборавајте солзите на мртвите деца“, ова го порачаа роднините на убиените момчиња откако се одложи денешната судска расправа за случајот Монструм.. На почеток од судењето, судијата Огнен Ставрев рече дека денеска ништо нема да се работи оти неговиот колега бил болен.. На ова остро реагираа роднините на убиените момчиња кај Смилковското езеро..

„До кога вакви игри судија?“

„Ни ја ветивте вистината а се уште не сме ги слушнале снимените телефонски разговори за овој случај.“

Ова беа дел од коментарите кои се слушаа во судницата од роднините на убиените..

Судијата Ставрев пак објасни дека и нему не му било лесно и сметал дека денеска ќе се сослуша заштитениот сведок.. Побара од роднините да не мешаат политика во судската расправа.. Објасни дека во следните рочишта тој и обвинителството ќе имаат доволно време да го испитаат заштитениот сведок а неговиот исказ ќе го слушне и јавноста..

За Роднините е сомнително одлужувањето бидејќи и во минатото постоела истата пракса..

Случајот „Монструм“ е повторно во судница откако Врховен минатата година ги укина доживотните затворски казни за шестемина обвинети па предметот го превзема Специјалното јавно обвинителство.. Судската расправа продолжува на 22 идниот месец..