Македонија
7. October 2019 - 12:32

Боки 13 утре ќе дава исказ пред Русковска

Првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13 утре од затворот во Шутка ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе треба да даде исказ, соопштуваат од Обвинителството.

Увидот во доказите заврши и утре за првпат Јовановски треба да даде исказ во Обвинителството. Засега нема информација кога ќе даде исказ поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Денеска завршува рокот за увид во доказниот материијал за овој случај.

Случајот „Рекет“ во води обвинителката Вилма Русковска.

Јовановски, второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец и Јанева се осомнилчени за изнудување 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој го гонеше СЈО, со ветување дека ќе му ја прекинат истрагата за „Империја“.