Боки 13 пуштен од затвор
Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекин на издржувањето казна затвор за Бојан Јовановски и одлуката му е доставена, потврди за МИА неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.
-Како бранител ја потврдувам информацијата дека ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице, изјави Туфегџиќ
На 3 ноември беше одложена за 15 декември јавната седница пред Апелацискиот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“.
Судијата Зоран Димитриевски тогаш констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека неговиот татко, обвинетиот Миле Јовановски не е присутен, но судот нема доказ за уредна покана.
-Имајќи го предвид наведеното. За денешната јавна седница нема доказ за уредна покана на обвинетиот Миле Јовановски. Советот оцени дека не се исполнети законските обврски за одржување и се одлага за 15 декември, информираше Димитриевски.
Судењето за „Меѓународен сојуз“ заврши на 7 април 2022 година. Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите и тоа единствена казна затвор во траење од девет години на првообвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик