-->
-->
Боки 13 преку Апелациониот суд бара укинување на притворот
-->

Првоосомничениот во случајот "Рекет", Бојан Јовановски, на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор.

Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот.

Јовановски е веќе трет месец во притвор како првоосомничен за "Рекет". Тој се уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителката Вилма Русковска. Побара првин да направи увид во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари, па потоа да ја даде својата одбрана.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
