Македонија
7. April 2022 - 12:33

Боки 13 осуден на 9 години затвор за „Меѓународен сојуз“, Ременски е ослободена од обвинение

Бојан Јовановски е осуден на 9 години затвор за кривични дела меѓу кои и за измама во предметот „Меѓународен сојуз“.

Јасна Мандиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години.

Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението.

Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на eдинствена условна казна од две години.