Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и Јанева. Според одбраната во снимките нема ништо спорно.
– Да видиме Обвинителството какви заклучоци ќе извлече, но ние не гледаме било каков доказ дека со овие мерки се открива нешто инкриминирачко за било кој од обвинетите. Не гледаме ништо чудно во тоа. Они не кријат дека имале контакти, истакна адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.
Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваа и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Ново на Сител
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
-

Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска
-

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата
-

Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
