Боки 13 фатен во шверц на луксузна гардероба на скопскиот аеродромот - казнет со 15.000 евра
Познатиот македонски ЛГБТ активист и силен поддржувач на владејачката СДСМ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, бил фатен во шверц на луксузни чевли, ремени и очила за сонце, вчера на скопскиот аеродром, дознава НетПрес.
-Нашите извори велат дека во багажот на популарниот Боки 13, македонските цариници нашле 19 парчиња луксузни чевли од познати светски марки. Информациите велат дека тој се обидел да ги прошверцува во земјава, без да плати царина за нив, со што се сомничи дека сторил кривично дело согласно чл.263 ст.3. Од тие причини цариниците му изрекле глоба во висина од 15.000 евра, пишува НЕТПРЕС.
Имено, на 19 март, годинава, Боки 13 враќајќи се во Македонија со лет од од Виена, бил фатен од царинската контрола на скопскиот аеродром во обид да прошверцува 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце.
-Нашите извори велат дека при слегувањето од авионот, Боки 13 поминал на т.н. зелен канал, место определено за лица кои немаат ништо за пријавување за царинење. При селекција од страна на царински службеник е прегледан багажот на Боки 13 и била пронајдена непријавената стока, како што информира нашиот извор, од комерцијален карактер, пишува порталот.
Согласно чл.263 ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13 извршил царински прекршок, за избегнување на царинска контрола и според овој член од законот, Боки 13 треба да плати глоба во висина од 15.000 евра.
Целата сторија прочитајте ја на НЕТПРЕС
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка