Балкан
27. October 2017 - 11:29

Бојко Борисов во посета на БиХ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов престојува во дводневна посета на Босна и Херцеговина, во чии рамки вчера ја посети воената база на НАТО во Бутмир кај Сараево, а денеска има средби со претставници на босанските власти.

Борисов ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на БиХ Дениз Звиздиќ, со претседателите на двата дома на Парламент и со членот на босанското Претседателство, Бакир Изетбеговиќ. 

Во рамки на посетата, двете земји треба да потпишат договори за меѓународен патен сообраќај, од кој се очекува да се намалат транспортните трошоци.

Борисов е придружуван од вицепремиерите Томислав Дончев и Красимир Каракачанов и министрите за транспорт и економија, Ивајло Московски и Емил Караниколов.