Џет-Сет
22. January 2016 - 14:17

Бојана Атанасовска каква што не сме навикнати да ја гледаме!

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска крајот на 2015 година го заокружи со големи животни промени.
 
Стана г-ѓа Скендеровски, се впушти во водителските води, направи камбек на музичката сцена, но и доста го смени својот физички изглед.
 
Периодов Бојана е актуелна како домаќинка на емисијата „Улица Македонија“ која од неодамна почна да се емитува на Сител 3 телевизија. 
 
Бојана одлично се снаоѓа во улогата на водителка, но она што и тоа како е забележително е нејзиниот нов изглед, софистицираниот имиџ и значително намалениот број на килограми.
 
Разликата е доста очигледна, а резултатите од напорните фитнес вежби кои ги применуваше, вродиле со одличен резултат.
 
Еве како изгледаше Бојана пред неколку месеци.