Кошарка
29. July 2016 - 14:57

Бојан Трајковски во Куманово уште една сезона

 
Бојан Трајковски го продолжи договорот со екипата на Куманово, и ќе ги брани боите на овој кошаркарски клубот уште една сезона.
 
„Можеме да потврдиме дека со Бојан Трајковски е постигнат договор за продолжување на соработката и овој кошаркар и во следната сезона ќе настапува за нашиот тим“ – потврдија од раководството на Куманово.
 
Со овој потпис Куманово и официјално се активираше на трансфер маркетот. Неофицијално договорите ќе ги продолжат тренерот Марјан Србиновски, како и тројцата македонски кошаркари, Караџовски, Костоски и Јанески. 
 
Досега е сигурно дека Марко Симоновски го напушта клубот, а Вукашин Мандиќ ќе ја продолжи кариерата на Кипар.