Македонија
18. May 2019 - 16:06

Богоевски им дава предност на безбедносните реформи, опозицијата бара оставка

Пратеникот Павле Богоевски побарал комисијата за мандатно имунитетни работи за мандатот на пратеникот Никола Груевски, а која ја најавуваше за во понеделник, да се одложи за неколку дена. Ова за „Сител“ го откриваат пратенички извори. Со Комисијата раководи токму Богоевски. Тој во петокот најавил дека Комисијата ќе ја закаже во текот на наредната недела откако ќе заврши комисиите што ги работат реформите во безбедноста, а на кои пратеникот им дава предност.

Индикативно е што одложувањето доаѓа во екот на скандалот во кој народниот избраник се поврзува со набавка на кокаин.

Според Деловникот рокот за одржување на оваа седница истекува првите денови од јуни. Не е исклучено Комсијата да ја води и заменичката Снежана Калеска Ванчева.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето Богоевски да си поднесе оставка.

Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш! Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција.

Во меѓувреме, собранискиот спикер Талат Џафери ја одби иницијативата на 8-те независни пратнеици в понеделник да се спроведе доброволно нарко тестирање на нардоните избраници, иако на тоа се согласија најголемите политички партии.