Богоев: Среќен распуст, е-наставата ја одбележа учебната година
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев преку видео порака им го честита крајот на учебната година на ученици, наставници и родители. Тој им се заблагодари на сите за вложениот труд и напор, за реализација на воспитно – образовниот процес по електронски пат во речиси цело второ полугодие, поради Ковид – 19. Богоев истакна дека иако денеска изостана другарувањето по училишните холови и дворови, 10 – ти јуни за секое дете е еден од најсреќните денови во годината.
-Сакам да ви честитам на фактот што сте генерација која за прв пат реализираше настава по електронски пат. Речиси цело второ полугодие, учевте преку дигитални платформи и покажавте дека младите, и во време на здравствена криза, се носители на промените. Ученици и наставници, вие поставивте нов стандард во македонското образование. Ви благодарам за вложениот труд и напор, а на полуматурантите им посакувам успешен упис во средно училиште, рече Богоев.
Општина Карпош информира дека во следните денови ќе додели и награда за првенците на генерација од сите основни училишта.
Во текот на распустот, оваа единица на локалната самоуправа ќе спроведе и повеќе инфраструктурни активноси во училиштата, со цел да ги подобри условите за учење и престој.
Учебната 2019/2020 година завршува во вонредни услови. Учениците од десетте општински основни училишта, речиси цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19.
Ново на Сител
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор
-
22 дискотеки и кабареа работат со лиценца во Македонија според регистерот на Министерство за економија
-
Филков: Правда ќе има
-
Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши