Богоев: Избори во 2024 година со денешната владина коалициска средба, таа тема е завршена
Стефан Богоев, потпретседателот на СДСМ, вечерва во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека изборите ќе бидат редовни во 2024 година, со денешната владина коалициска средба и усвоената Декларација, оваа тема е затворена.
-За предвремени избори дефинитивно немаме намера повеќе да разговараме, затоа што тоа е нездраво, нелогично и несериозно во ваков период, среде најголема економска и енергетска криза,вели Богоев.
Владата и СДСМ остануваат посветени на соочување со предизвиците од кризата и поддршка на граѓаните, додава Богоев.
Богоев додава дека распишување на избори би значела целосна стагнација на економијата и процесите во државата 6 месеци и не можност да се реализира ниту една антикризна мерка, што ќе биде погубно во услови на криза.
-Ако се распишат избори, според изборниот законик и другите закони неколку месеци не може да се преземаат активности кои се регулирани со закон, тоа значи замрена економска активност. Собранието ќе биде распуштено доколку има некои мерки кои треба да се донесат, значи не може да се донесат мерки за помош на економскиот стандард на граѓаните, рече Богоев.
Во оваа насока, владата останува посветена на нови мерки и политики за заштита и подобрување на стандардот на граѓаните во услови на криза, рече Богоев во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
