Богаташ на поранешната жена мора да и исплати 583 милиони долари
Лондонскиот трговец со нафта ќе мора на поранешната сопруга да и исплати 583 милиони долари или 41,5 отсто од неговото богатство, во една од најголемите бракоразводни парници во историјата на Англија.
Шеесет и еден годишниот маж, чиј идентитет не е објавен ја запознал 44-годишната сопруга во 1989 година во Москва, каде студирала, а се венчале четири години подоцна, се наведува во документот на судот во Лондон.
Мажот, роден на Кавказ заработил огромно богатство во рускиот енергетски сектор, продавајќи го во 2012 година својот удел во компанијата за 1,37 милијарди долари.
Неговата сопруга по потекло е од Источна Европа во бракот била домаќинка, а британско државјанство добила во 2000 година. Таа се грижела за двете деца во Сари, јужно од Лондон.
Таа изјавила дека имотот на сопругот вреден повеќе од милијарда долари е стекнат во текот на бракот со заеднички придонес на двете страни, се наведува во пресудата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите