Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура
Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на браната на реката Отиња, Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се земени предвид предлозите на граѓанските здруженија и организации.
-Државата е исправена пред овој предизвик, да се донесе законот. Ние целосно го преправивме. Направивме и многу други чекори со кои ги послушавме и испочитувавме граѓанските здруженија и организации за законот да биде прифатлив и за граѓаните и за Парламентот. Законот е веќе во собраниска процедура, а ако Парламентот е подготвен да дебатираме, тука сме да ги отвориме сите прашања зашто законот е потребен и за националните и за општинските инфраструктурни проекти, но пред се за граѓаните кои сакаат да ги стават во легална рамка своите објекти. Кога ќе бидеме повикани како Влада, ќе бидеме во Собранието за да дискутираме за подобрување и донесување на законот. Заглавен е во Собрание и очекуваме дискусија на комисиска расправа, рече Бочварски.
Ново на Сител
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас