Бочварски: Стоиме на располагање на истрагата за несреќата
За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
На новинарско прашање за одговорност на ресорот што го предводи за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум беа повредени, Бочварски рече дека во рамки на нивното делување издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите возила за да патуваат и да вршат одредена дејност.
Ги поверивме, наведе Бочварски, двајцата возачи кои го возеле автобусот, а кога ќе добиеме информација од надлежен орган или институција, од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои поминувале веднаш ќе ги провериме во базата на податоците, рече Бочварски.
Веќе ги дадовме, дополни, сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации. Важно е истрагата да тече согласно процедурите и тоа што ќе го каже Обвинителството, а ние да бидеме тука поддршка и да ги даваме сите потребни документи и информации. Сметам дека во целиот период доста брзо ја информиравме јавноста. Се она што го имавме како информација од нашите бази на податоци ја дадовме до јавноста, наведе Бочварски.
Тој информираше и дека повторно е воспоставено полагањето за сертификати за возачите.
-Тоа беше единствена јавна набавка во Генералниот секретаријат на Владата која се спроведуваше не само за транспорт и врски за полагање на возачи, туку и за полагање за лиценци, за градежно земјиште, судии и обвинители под правда, за труд и социјала, за сите институции што имаат допир со некакво електронско полагање. Тој процес го водеше Генералниот секретаријат, завршен е и возачите од четвртокот навака полагаат за да ги обноват свите сертификати, изјави Бочварски, пред состанокот на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан.
Министерството за транспорт и врски по автобуската несреќа што се случи на 23-ти минатиот месец на автопатот „Струма“ во Бугарија, ја одзеде лиценцата за работа на „Беса Транс БТБ”, откако беше утврдено дека превозникот за автобусот немал извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир