Бочварски - Рустеми: Вратена во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид за сите возила
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид. Од денеска согласно времениот режим, делницата ќе биде вратена за сообраќај, а со тоа граѓаните и туристите повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.

Делницата Подмоље - Охрид, како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и требаше да биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид -Подмоље.
Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции, како и изведувачот и надзорниот орган, се подвлекува во денешното соопштение од Министерство за транспорт и врски, придонело градежните активности на овој дел од патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.

- Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса. Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање на подобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период., истакнал министерот Бочварски.
Како што се додава во соопштението, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, нагласил дека се направени силни напори со сите институции и изведувачи делницата на главната траса да ја стават во функција. Од денеска сообраќајот од Подмоље до Охрид се одвива повторно по главната траса, потенцирал, а ние, ккао што рекол, со исто силно темпо продолжуваме да работиме и на другите позиции на автопатската делница Кичево - Охрид.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
