Бочварски: Продолжуваме со силна изградба на автопатот Кичево -Охрид
Од 70 -те нови репроектирања на автопатот Кичево – Охрид, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти. Силно сме посветени на завршување на автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот. Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на автопатот, изјави министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Охрид.
Тој потенцира дека со Анекс на договорот не се предивдени дополнителни финансиски средства, додека изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници од автопатот, односно да биде целосно завршен до декември 2023 година.
Во рамки на посетата на општина Охрид, со градоначалникот Константин Георгиевски, извршија увид во рехабилитираната улица „Абас Емин”, каде Министерството за транспорт и врски и општина Охрид со инвестиција од 40 милиони денари извршија комплетна реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, како и поставување на нов асфалт.
Денеска двајцата го потпишаа договорот за реконструкција на локалната улица „Македoнски Просветители” во центарот на градот, како дел од проектот за реконструкција на локалните патишта во општините.
– Новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти, такси паркингот, тротоарите и велосипедската патека ќе бидат изведени од гранитни камени плочи. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни.
Сакам да потенцирам дека ова е проект кој значително ќе го подобри изгледот на градот, модерен проект, со кој ја зголемуваме и безбедноста на граѓаните на улиците. Целокупната инвестиција чини скоро 38 милиони денари, изјави министерот Бочварски.
Градоначалникот Горгиевски најави нови инфраструктурни проекти за Охрид.
– Оваа можност сакам да ја искористам за да ја информирам јавноста дека општина Охрид, наскоро ќе започне со реконструкција на улиците „Прилепска“, „Будва“ и „Прва Македонска Ударна Бригада“ делница 2. Исто така, сакам да го најавам и почетокот на реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ која ќе се реализира преку програмата на ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти и со средства од буџетот на Општина Охрид.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
