Бочварски очекува извештајот на експертите да ја реши децениската изградба на автопатот Кичево - Охрид
Доколку претставници на кинеската компанија „Синохидро“ побараат средба секако дека ќе ја реализираме. На техничко ниво се одржуваат и реализираат средби. Важно е дека компанијата има се уште рок за реализација и до 31 декември имаат и рок и фронт за работа, за да продолжат, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Одговарајќи на новинарско прашање Бочварски при посетата на Неготино, наведе дека „Синохидро“ во изминатиот период биле во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање и расчистување на сите прашања, коишто се отварале во текот на изградбата.
Според Бочварски, без да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе се дојде до најдобарата политичка одлука за завршување на автопатот.
Поддршката на ФИДИК експертот за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во кој правец треба да продолжи државата за завршување на овој проект. Експертите кои Јавното претпријатие за државни патишта дополнително ќе ги ангажира ќе бидат во насока на најдоброто можно решение за свлечиштата и косините, што се реален и голем проблем на голем дел од трасата на автопатот Кичево-Охрид.
-Ова значи дека по утврдување на сите овие правци, коишто ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобарата политичка одлука, којашто ќе ја донесеме и за завршување на автопатот, но и за за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните, вели Бочварски.
Ново на Сител
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие
-
Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но историјата веројатно ќе го споредува со Слободан Милошевиќ
-
Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции
-
Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина