Бизнис
23. December 2020 - 16:33

Бочварски најавува градежна офанзива идната година

Во 2021 ќе има градежни активности на Плетвар. Министертот за транспорт е оптимист дека конечно сите проблеми ќе бидат надминати и дека експресниот пат Градско Прилеп догодина навистина ќе се гради. На овој пат почна да се работи уште во 2015 година, но досега е готова само третина од трасата. Државата го раскина договорот со фирмата изведувач, шпански Рубау пред една година. Според надлежните, компанијата не доставила тримесечна програма за работа и го напуштила градилиштето. Според Шпанците, државава не ја платила последната фактура. Кој е прав ќе суди меѓународна арбитража, Бочварски не ја кометрира судста постапка, но вели дека обврските мора да се исполнуваат.

За разлика од експресниот пат на Плетвар кој тапка во место пет години, првата фаза од патот Штип - Радивиш ќе биде готов до април догодина, односно пред време. Забрзува и изгрдбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.

И покај корона кризата, инфраструктурните проекти се реализираа според планираното и годинава ќе бидат потрошени околу 80% од предвидените пари, вели Бочварски.

100 дена фалби, 100 дена лаги за инфраструктурата, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. На автопатот до Блаце за 4 години не почнува изгрдбата на проектираните 2км. За автопатот Кичево - Охрид се што остварија е потпишување нови анекси за нови заеми. На патот Градско - Пролеп за 100 владеење немаше нкакви градежни активности, велат од опозицијата.