Блумберг: Брегзит е најглупава работа, покрај изборот на Трамп
Медиумскиот магнат и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјави дека Брегзит е најглупавата работа што една држава некогаш ја направила, покрај изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
Тој вели дека „многу е тешко да се разбере зошто една земја на која и оди добро, би сакала сето тоа да го уништи" со гласање за Брегзит.
- Реков дека тоа е најглупавата работа што некоја земја некогаш го сторила, но ние тоа го надминавме, рече Блумберг, мислејќи на изборот на Трамп за претседателот на САД.
Тој вчера го посети Лондон за да отвори ново седиште на компанијата „Блумберг", но се чинеше дека тој жали што инвестира во Велика Британија, поради Брегзит, оценува „Гардијан".
- Отвораме ново седиште во Лондон, две големи, скапи згради. Дали би го сторил тоа ако знаев дека ќе излезе (од Европската унија)? Размислував дека можеби не би го сторил, но еве сега сме тука и ќе бидеме многу среќни, рече Блумберг.
Ново на Сител
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени