Македонија
27. March 2018 - 19:13

Близу илјада административци од Секретаријат за Рамковниот договор ќе се прераспределат во јавниот сектор

Вкупно 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе бидат прераспределени во институциите на јавниот сектор.

Оваа информација ја разгледала Владата на денешната седница и воедно ги задолжила органите на државната управа и претпријатијата во државна сопственост, во најкраток можен рок да започнат постапки за преземање на вработените од овој Секретаријат, информира владината прес-служба.