Близу 90 нови случаи само во Скопје
Бројката на новозаразени во главниот град како што информира скопскиот Центар за јавно здравје досега изнесува 88 лица, но ова не се конечните бројки за главниот град, бидејќи се очекуваат тестови и од уште една лабораторија.
Од новозаразените 88 во главниот град повторно најмногу се од Чаир, Сарај, Арачиново и Гази Баба, но не се сите од веќе познатите кластери.
Во исчекување сме на официјалалните информации за новозаразени на ниво на цела држава, но според досегашните бројки се очекува бројката на новозаболени да биде повторно над 100.
Поради исполнетите капацитети во ГОБ „8 Септември“ и Инфективната клиника, денес се одлучило дел од децата кои се наоѓаат во Болницата за белодробни заболувања во Козле да бидат префрлени на Клиника за детски болести за да се ослободи капацитет за лицата кои имаат потреба од болнички третман.
Ново на Сител
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
