Блиска средба на сурфер и ајкула
Главен хит на социјалните мрежи деновиве е фотографијата на еден сурфер, сликан среде бранови во Јужна Африка, кој не ни претпоставува со каква опасност се соочува.
Имено, фотографот Тим Дримен направил серија фотографии на плажата кај местото Џефри, при тоа воопшто незабележувајќи го крволочното животно што го „уловил“, се додека не ја објвил снимката.
Тој е сигурен е дека станува збор за ајкула, нагласувајќи дека тие денови една била забележана во тоа подрачје.
- Јас го познавам океанот, поминав многу години нуркајќи, сурфајќи и ловејќи и знам како изгледаат ајкулите над и под вода. Мислам дека сенката е многу голема, топчеста и лебди така што е невозможно да е во прашање човечко суштество, вели Дримен.
- Моите сомнежи уште повеќе ги подгреаја информациите дека еден ден подоцна е забележана ајкулата во реонот. Сурферот не ги виде фотографиите и не знае што избегнал, додаде тој.
https://
Ново на Сител
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите