Блинкен: САД подготвуваат алтернативи во случај да не успеат преговорите со Иран
САД со сојузниците активно подготвуваат алтернативи на иранскиот нуклеарен договор доколку не успеат преговорите за нивно обновување, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Џакарта.
– Наскоро ќе биде доцна бидејќи Иран се уште не е вклучен во прави преговори, истакна Блинкен, додавајќи дека без брз напредок Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма ќе биде „празна школка“.
Индиректните преговори меѓу Иран и САД, со посредство на Европска Унија продолжија на крајот на ноември во Виена.
Договорот за иранската нуклеарна програма, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и „Групата 5 плус 1.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот, д додека актуелниот претседател Џо Бајден е подготвен да се врати на договорот доколку Техеран ги почитува своите обврски од документот.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
