Блинкен му го честита на Косово Денот на независноста: Го охрабруваме спроведувањето на обврските
Американскиот државен секретар, Антони Блинкен му ја честита 16-годишнината од независноста на Косово, со порака дека „САД го ценат стабилното партнерство и пријателството меѓу двата народи“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Блинкен ја повтори пораката на претседателот Џо Бајден за Косово од претходниот ден, дека САД го поддржуваат мултиетничко Косово и очекуваат да ги исполни претходно постигнатите договори.
– Додека продолжувате да постигнувате напредок во јакнењето на демократските институции и промовирањето на владеењето на правото, ние ќе продолжиме да го поддржуваме мултиетничко Косово кое напредува во побезбеден и попросперитетен регион. САД го охрабруваат Косово да ги спроведе своите обврски и да чекори напред преку дијалог олеснет од ЕУ, со цел да се постигне сеопфатен договор за нормализација со Србија, на патот кон взаемно признавање на крајот, напиша Блинкен.
Тој нагласи дека САД веруваат оти иднината на Косово е во евроатлантските институции и ги поддржуваат аспирациите дефинирани според Декларацијата за независност и Уставот на Косово „да придонесе за стабилноста на регионот и Европа преку создавање добрососедски односи“.
– На нашиот пријател, партнер и сојузник му ја честитаме годишнината од Независноста, се вели на крајот од честитката на Блинкен.
Ново на Сител
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог