Блинкен ги осуди руските акции во зоната на нуклеарната централа Запорожје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ги осуди „руските акции во и околу украинската нуклеарна централа Запорожје“, повторувајќи го продолжувањето на американската помош за одбранбените потреби на Украина, соопшти Стејт департментот.
Блинкен, како што изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, потврди дека САД ќе продолжат да повикуваат на „запирање на сите воени операции во или во близина на украинските нуклеарни постројки, да се вратат тие капацитети под целосна украинска контрола и да ја повикаат Москва да стави крај на војната против својот суверен сосед“.
Американскиот државен секретар ги пофали украинските власти и операторите (на нуклеарни постројки) за нивната посветеност на нуклеарната безбедност и безбедност под сегашните услови.
Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под контрола на руската армија и во изминатите неколку дена, според руската страна, режимот во Киев извршил неколку напади врз областа на нуклеарната централа користејќи беспилотни летала, тешка артилерија и повеќеракетни фрлачи.
Некои од проектилите ја погодија инфраструктурата на нуклеарната централа, вклучително и капацитетите за складирање на нуклеарен отпад.
Ново на Сител
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот