Блинкен: Амбасадата на САД привремено ја прекина работата во Картум поради судирите
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека Американската амбасада во главниот град на Судан, Картум, привремено ја прекинала работата поради судирите во таа држава.
Блинкен рече дека целиот персонал на Американската амбасада и членовите на нивните семејства се безбедно евакуирани од Картум и најави дека официјален Вашингтон ќе продолжи да им помага на Американците кои останале во Судан.
„Во операцијата учествуваа околу 100 американски војници и три хеликоптери MH-47, а пренесени се околу 70 преостанати вработени во амбасадата на непозната локација во Етиопија“, изјави помошникот државен секретар за африкански прашања Моли Фи.
Таа додаде дека Етиопија, исто така, обезбедила поддршка за прелетување и полнење гориво.
Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека добива редовни извештаи од неговиот тим за напорите да им помогне на преостанатите Американци во Судан.
Бајден рече дека Џибути, Етиопија и Саудиска Арабија исто така помогнале во евакуацијата. Тој исто така повика на прекин на „непромисленото“ насилство во таа држава.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
