„Блиц“: Вучиќ се поблиску до одлуката за нови предвремени парламентарни избори

Во Србија можеби на пролет повторно ќе се одржат предвремени парламентарни избори.Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, разговарал со своите соработници и се е поблиску до донесување на таква одлука, дознава српскиот весник „Блиц“.
Според весникот, претседателот Вучиќ зборувал за ова прашање со врвот на неговата партија.
– Вучиќ вечерта во неделата разговараше со раководството на партијата. Тој ги собрал луѓето од доверба и им рекол дека е подготвен веднаш по локалните избори во Лучани на 16 декември, да донесе одлука за распишување вонредни парламентарни избори, вели соговорникот за „Блиц“.
Изворот на „Блиц“, исто така, наведува дека Вучиќ му дал наредба на претседателот на Извршниот комитет на СНС, Дарко Глишиќ, да ја подигне инфраструктурата на партијата за оваа намена.
– Вучиќ им даде налог на сите партиски органи да бидат подготвени за избори на пролет, открива истиот извор.
Извор од партијата вели дека повеќето советници кои биле на средбата со Вучиќ ја поддржале одлуката за распишување предвремени избори.
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
