Фудбал
14. October 2020 - 10:47

Блесок на Нејмар во Перу

Комплетирано е второто коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужно-американската зона. Бразил победи во Перу, Уругвај падна во Еквадор, Фалкао во последните секунди ја спаси Колумбија од пораз во Чиле, а Парагвај со многу мака победи во Венецуела.
 
Во реприза на последното финале од Копа Америка, Бразил со пресврт успеа да слави во Перу. Најзаслужен за тоа е Нејмар, кој постигна хет-трик. Кариљо постигна гол за Перу во петтата минута, Нејмар израмни во 28., а нова предност на домашниот тим му донесе Тапија. Резултатот го израмни Ришарлисон, а потоа Нејмар со два гола ја запечати судбината на домаќинот.
 
 
Уругвај доживеа тежок пораз во Еквадор (4:2). Еквадорците играа одлично, водеа со 4:0, а целосна катастрофа спречи Луис Суарез со два гола во завршницата на натпреварот.
 
Хименез постигна гол во 85. минута за Парагвај во победа кај Венецуела 1:0.
 
Чиле и Колумбија одиграа 2:2. Видал и Санчез постигнаа голови за Чиле, а Лерма и Фалкао за Колумбија.