-->
-->
Блескава победа на Интер против Аталанта
-->

Некомплетното 28.коло во Серија А минува во знакот на Интер, кој со импресивна игра ја декласира Атланта 7:1, а двајца играчи Икарди и Банега постигнаа по три гола. Во ова коло Илија Несторовски со капитенската лента го предводеше Палермо, но тимот од Сицилија загуби од Рома 0:3.
Аталанта е најпријатното изненадување оваа сеозна во Серија А, но во 28.коло доживеа дебакл на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер со најдобрата игра во последните неколку сезони, особено тоа се однесува на првиот дел, победи со 7:1.
По хет трик на овој натпревар постигнаа Аргентинците Мауро Икарди и Евер Банега, првиот гол во дресот на Интер го постигна и Гаљардини кој во јануарскиот преоден рок во овој тим пристигна токму од Атланта.
Рома победнички гомина гостувањето во Палермо и рутински славеше со 3:0. Ел Парави, Џеко и Перез беа стрелци на головите. Македонскито репрезентативец Илија Несторовски со капитенската лента го предводеше Палермо, тој постигна гол во петтата минута кој беше поништен.
Резултати: Сасуоло-Болоња 0:1, Киево-Емполи 4:0, Фиорентина-Каљари 1:0, Наполи-Кротоне 3:0, Пескара-Удинезе 1:3, во понеделник играат Торино и Лацио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
