Блер: Се каам поради Ирак, тероризмот не почна поради тоа

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави денеска дека му е жал и оти се кае поради војната во Ирак, но истовремено ја одбрани својата одлука Велика Британија да ја вклучи во инвазијата во оваа земја во 2003 година, која ја предводеа САД, нагласувајќи дека денешниот тероризам не е покренат поради тоа.
Блер со ова одговори на жестоките критики на негова сметка, кои се појавија по извештајот за таа војна, кој е подготвуван седум години, а беше објавен денеска.
- Разузнавачките проценки извршени во тоа време за тоа дали треба да влеземе во војна е покажаа како погрешни. Она што следеше се покажа како нешто што е многу повеќе непријателски настроено, што временски многу се оддолжи и беше покрваво, отколку што можевме да замислиме, рече Блер.
Тој нагласи дека поради сето тоа изразува „повеќе тага, каење и извинување, отколку што можете да замислите“.
Блер изјави дека ја прифаќа целосната одговорност за одлуката за заминување во војна, но го отфрли аргументот дека денешниот тероризам е покренат од инвазијата во Ирак.
Тој исто така наведе дека „светот е подобро место без ирачкиот диктатор Садам Хусеин, кој е симнат од власт со таа инвазија“.
Ново на Сител
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
