-->
-->
Блажевски сепак ќе оди на Олимпијадата во Рио
-->
Македонски пливач Марко Блажевски сепак ќе учествува на претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, информираа денеска од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Првично МОК го немаше ставено Блажевски на списокот спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија во Бразил, но со денешната одлука најдобриот македонски пливач им се придружува на петтемина учесници од нашата земја на Игрите во Рио.
Во соопштението на МОК стои:
Македонскиот олимписки комитет, во согласност со Повелбата на Меѓународниот олимписки комитет е единствено надлежно институција која одлучува за составот на македонската Олимписка делегација на Олимписките игри. Иако селекцијата на спортистите и тренерите се врши на предлог на соодветните Национални спортски федерации, крајната одлука ја носи Македонскиот олимписки комитет земајќи ги во предвид не само спортските резултати туку и многу други бројни елементи важни за општата улога која спортистите ја имаат во нашето општество.
Во случајот на Марко Блажевски, Македонскиот олимписки комитет потенцира дека донел принципиелна одлука со која е предвидено, во интерес на развојот на спортот и интересите на поширокиот број на врвни спортисти, дека “еден спортист не може да учествува на две Олимписки игри со вајлд карта(покана) или “Б“ норма. Марко Блажевски не исполни “А“ Олимписка норма и според ова принципиелно правило Марко Блажевски не можеше да учествува на Олимписките игри Рио 2016.
Македонскиот олимписки комитет ја информира јавноста дека на Марко Блажевски во изминатите два Олимписки циклуси (Лондон 2012 и Рио 2016), му се обезбедени најдобри можни услови за постигнување на “А“ Олимписка норма. На Марко Блажевски, од страна на Македонскиот олимписки комитет, му беше обезбедена месечна Олимписка стипендија во износ од 800 американски долари како и стипендија во износ од 160,000 американски долари за школување и тренирање на Универзитет во САД, со врвен пливачки тренажен програм за унапредување на неговите спортските резултати, но и добивање и диплома и едукација која ќе му користи во кариерата по завршувањето на неговата спортска кариера.
Согласно интензивната комуникација која Македонскиот олимписки комитет ја имаше во изминатиот период со Меѓународниот олимписки комитет и ФИНА, барајќи поволно решение, Македонскиот олимписки комитет даде предлог одлуката на ФИНА со која Марко Блажевски има вајлд карта/покана да се промени во одлука според која Марко е квалификуван спортист за учество на ОИ Рио 2016. Согласно најновата одлука на ФИНА, според која Марко Блажевски е квалификуван за настап на ОИ Рио 2016, Македонскиот олимписки комитет донесе одлука за вклучување на Марко Блажевски во олимписката екипа на Македонскиот олимписки комитет, која ќе учествува на ОИ Рио 2016.
Искрено се надеваме дека со својот настап во Рио, Марко Блажевски ќе постигне резултат со кој ќе ги оправда сите вложувања на Македонскиот олимписки комитет во изминатите два олимписки циклуса, се вели во соопштението на МОК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица