-->
-->
Блатер сигурен дека Русија останува домаќин на СП 2018
-->

Суспендираниот претседател на светската фудбалска асоцијација ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека Русија нема да ја загуби организацијата на Светското првенство во 2018 година.
На Русија ѝ е доделена организацијата на најголемото светско фудбалско натпреварувањето во 2010 година пред неколкукратните организатори на мундијалите како Англија, и заедничките кандидатури на Холандија и Белгија и на Шпанија и Португалија.
Претходно во октомври 79-годишниот Швајцарец Сеп Блатер беше суспендиран заедно со челникот на европската организација УЕФА, Французинот Мишел Платини, на 90 денови поради спорната сума од 1,8 милиони евра кои Блатер му ги исплатил на Платини во 2011 година, за советнички ангажман изведен во 202 година.
После тоа, во општата хајка во западните медиуми против Москва, се појавија информации за испитување како Русија ја добила организацијата на мундијалот, па дури и шпекулации дека може да ѝ биде одземено, иако Блатер цело време тврди дека тоа нема да се случи.
Британското Биро за сериозни проневери (SFO) ја истражува, имено можноста за перење пари, во врска со кандидатурите на Русија за организацијата на СП во 2018-та и на Катар кој ќе биде домаќин во 2022 година.
„Тоа е исклучени. Русија нема да ја загуби организацијата на светското првенство“, убеден е Блатер во опширното интервју за руската новинска агенција ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
