Блатер: Фудбалерите на удар а Федерер?
Изминатите неколку месеци во Шпанија се „крена прашина“, бидејќи големи фудбалски ѕвезди се обвинети за затајување на данок. Анхел Ди Мари, во средата, беше осуден на едногодишна казна затвор, Кристијано Роналдо на 31.јули ќе се појави пред судот, додека истото го чека и Жозе Мурињо.
Интересен коментар на она што се случува во Шпанија има поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Тој како пример го наведе Роџер Федерер кој во текот на кариерата има заработено околу 700 милиони долари.
„Зошто го напаѓаат само фудбалскиот свет?Никој ништо не говори за еден од најголемите собирачи на пари – Федерер. Тој е недопирлив. Сигурен сум дека е така бидејќи работи исправно“, рекол Блатер.
„Исто така не се нападнати ниту бејзбол и НБА ѕвездите. Искрено не знам каде точно живее Федерер. На пример, сите врвни играчи, со исклучок на Федерер, имаат живеалиште. Надал е во Манако, Мареј во Лондон, Ѓоковиќ во Монте Карло. Кај Федерер само стои Швајцарија“, дополнил Блатер.
Ново на Сител
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
-
Во Собрание седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови