Фудбал
11. February 2016 - 14:09

Блан уште две сезони на клупата на ПСЖ

 Тренерот на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен, Лоран Блан потпиша нов двегодишен договор и се обврза да ги предводи „светците“ до 2018 година.
 
Блан во ПСЖ е од 2013 година, а претходно работеше како тренер во Бордо и селектор на француската репрезентација.
 
Парижаните оваа сезона во Лига 1 по 25 одиграни кола имаат 22 победи и три нерешени средби. Тие се со убедлива предност пред конкурентите на врвот на табелата и се единствениот тим без пораз.
 
Блан со ПСЖ има освоено две шампионски титули, еден куп, два Лига купа и три Супер купови во Франција.