Благоја Чоревски - лауреат на 10. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Истакнатиот македонски актер, Благоја Чоревски е годинашен лауреат на Mеѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно по десетти пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка.
Благоја Чоревски потекнува од актерско семејство, Факултет за драмски уметности завршил во Софија, а работниот век го поминал во Драмскиот театар Скопје.
Наградата лауреат ќе му биде врачена на свеченост на 14 септември, на отворањето на годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал „св.Јоаким Осоговски“, Крива Паланка.
Годинава на фестивалот ќе бидат изведени осум претстави : Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот, а ќе бидат отворени и неколку изложби на фотографија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
