Бизнис
18. September 2022 - 16:34

Бизнисот се жали од парафискалните трошоци

Во тек е изработка на регистар на парафискални давачки на општините со кој ќе се утврди колкав е реалниот трошок на бизнис секторот. Кај нас има ниско даночно оптоварување, но бизнисот се жали на овие давачки кои ги има и на локално и на национално ниво и затоа е потребна нивна поголема транспарентност и рационализација.

„Бизнис секторот е веќе преокупиран и многу засегнат најпрво од висината на парафискалните давачки, потоа од административната процедура од тоа како да ги платат и како да ги подготват документите за плаќање на тие парафискални давачка. За добивање на една дозвола за градба може да изгубиме и 4 до 5 месеци“, рече Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Во моментов биле детектирани 26 парафискални давачки, распоредении во 4 групи и тоа: комунални такси, административни такси, надоместоци за разни одобренија и лиценци и образовните такси. Бизнис секторот се изјаснил дека најголем товар му биле фирмарините.

„Општината ги наплаќа меѓутоа не пренесува ниту право, ниту врши некоја услуга, тука за пример ќе ја дадеме фирмарината. Другиот услов е дека општината врши некоја услуга или пренесува право, меѓутоа таа цена е многукратно повисока од реалната вредност на самата услуга. Тука ќе ги дадеме за пример градежните дозволи“, вели Ирена Николоска, претставник од Finance Thiнk.

За надминување на проблемите се препорачува спојување на парафискалните давачкии кои се повторуваат национално и локално ниво или како што е утврдување точна методологија за ценат на давачката која би одговарала на реалната вредност на услугата. Но исто така да има наменско трошење на тие пари од страна на општините и дигитализација на целиот процес

„Има големо незадоволство од страна на бизнис секторот точно во тој дел каде кажуваат дека овие се скриени давачки, при нивното планирање претставуваат одреден товар или неправилно планирање на нивниот економски раст во наредните години“, истакна Тоше Мошев, директор на Центар за развој на Вардарски плански регион.

Ова истражување и подготовката на регистарот го прави ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со Finance Think.