Македонија
21. October 2016 - 8:22

Бизнис форум во организација на МУСИАД

Здружението на независни бизнисмени МУСИАД денеска во Скопје организира Балкан Бизнис форум на кој ќе учествуваат компании од градежниот сектор, металургија, туризам, текстил и земјоделство. 

На форумот ќе присуствуваат членови бизнисмени од генералната дирекција и подружниците на МУСИАД, членови на Стопанската комора на Македонија, стопанските комори од регионот.... Бизнис форумот ќе биде можност и за остварување билатерални средби.

Генералниот претседател на МУСИАД Наил Олпак ќе потпише Меморандум за соработка со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претседателот на Стопанска комора на Република Косово, Сафет Герџалиу и со претседателот на Стопанската комора на Албанија, Николин Јака.

МУСИАД е здружение кое делува во 66 различни држави во вкупно 169 контакт центри низ светот.