-->
-->
Бизарна сообраќајна несреќа во Охрид
-->
Во 21 часот синоќа во Полицијата-Охрид, 42-годишниот Ф.М. од Прилеп пријавил дека на 06 месецов во 15 часот и 30 минути, во близина на бензиска пумпа, додека бил паркиран со возило Лада Нива од спротивната страна имало работна машина - багер со која се изведувале градежни работи. Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата Свети Еразмо. Од ударот се здобил со тешка телесна повреда изразена во скршеница на десната рака и скршеница на десната клучна коска, набиеници на градите и расекотина на левата рака.
Се преземаат мерки за расчитување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери